Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Левандовски шоу во Белград, Мурињо со пресврт, Реал испушти два гола предност

Видео: Левандовски шоу во Белград, Мурињо со пресврт, Реал испушти два гола предност

Исклучително возбудливо и ефикасно беше на вечерашните натпревари од третото коло во Лигата на шампиони.

На дербито на колото во Мадрид, Реал испушти два гола предност против Пари Сент Жермен. Бензема ги донесе „кралевите“ во водство уште во 17-та минута, резултат со кој се замина на полувреме.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Домаќините ја контролираа играта и во вториот дел, беа подобар противник, па Бензема со вториот гол зголеми на 2:0 во 79-та минута. Меѓутоа, после само две минути ПСЖ преку Мбапе намали на 2:1 после големата грешка на Варан, а во 83-та минута Сарабија погоди за израмнување.

Јувентус во Торино го победи Атлетико Мадрид во мечот за престиж, иако „бјанконерите“ веќе го имаа обезбедено пласманот во следната фаза. Дибала со феноменален гол и донесе победа на „старата дама“.

Баерн Минхен до врв ја наполни мрежата на Црвена Звезда (0:6), во натпревар во кој Левандовски постигна четири гола. Резултатот го отвори Горецка, а затвори Толисо.

Тотенхем во исклучително возбудлив меч стигна до победа против Олимпијакос. Веќе после првите 20 минути гостите од Грција имаа предност од 2:0, до крајот на полувремето Деле Али ја намали предноста. Во вториот дел Кејн и Орие му донесоа три бода на „спарси“.

Исклучително интересно е во Групата Ц каде Манчестер Сити и Шахтјор одиграа реми 1:1, додека Аталанта со 2:0 го победи Динамо Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…