Дома Останати Кошарка Видео: Леброн поразен од Јокиќ и Денвер, дабл-дабл на Харден во дербито на вечерта и победа на Хјустон, Богдановиќ одличен

Видео: Леброн поразен од Јокиќ и Денвер, дабл-дабл на Харден во дербито на вечерта и победа на Хјустон, Богдановиќ одличен

harden

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари.

Променливата форма на Кливленд ја искористи Денвер кој втор пат оваа година славеше над Кавси. За се да биде поинтересно во двата натпревари Денвер постигна ист број на поени, овој пат славеше со (126:117).


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Леброн Џемјс стигна до 13 трипл-дабл оваа сезонаа (25 поени, 15 асистенции, 10 скокови), а имаше и помош од Џеј Ар Смит кој постигна 19 поени (сите во второто полувреме), но очигледно беше дека на Кавси им недостасува повредениот Кевин Лав.

Харис беше најефикасен играч на мечот со 32 поени (шест тројки), додека вкупниот број на тројки на играчите на Денвер беше 19. Никола Јокиќ за разлика од претходните натпревари оваа средба имаше нешто послаб учинок (девет поени, осум асистенции и седум скокови).


Гостите од Калифорнија славеа најмногу благодарение на Донован Мичел (27 поени) и Руди Гобер (16 поени, 12 скокови), додека на спротивната страна еден од најефикасните играчи на Сакраменто беше Богдан Богдановиќ кој уфрли 15 поени, а забележа и пет скокови, најефикасен беше Фокс со 17 поени. Сакраменто – Јута 91:98.

Во дербито на вечерта Хјустон славеше над Бостон и така се зцврсти на лидерската позиција на Западната конференција. Џејмс Харден беше одличен и забележа дабл-дабл (26 поени, десет асистенција), а на оваа средба имаше и голема помош од Ерик Гордон (29 поени). За Хјустон ова беше 15 побеа во низа со што го сруши клупскиот рекорд од 22 победи во низа од сезоната 2007/2008. На спротивната страна најефикасен беше Марк Морис со 21 поен. Хјустон – Бостон 123:120.

НБА резултати

Сакраменто – Јута 91:98

Портланд – Оклахома 108:100

Сан Антонио – Лос Анџелес Лејкерси 112:116

Хјустон – Бостон 123:120

Мајами – Детроит 105:96

Кливленд – Денвер 117:126

Орландо – Мемфис 107:100

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ова не го очекуваа: Јокиќ повторно ги шокира Србите?

Сезоната за Денвер во НБА лигата заврши со елиминрацијата во полуфиналната серија против М…