Дома Останати Кошарка Видео: Леброн незадржлив, нова победа и за Лејкерси!

Видео: Леброн незадржлив, нова победа и за Лејкерси!

Кливленд, Атланта, Чикаго, Шарлот и АЛ Лејкерс забележаа победи изминатата ноќ во натпревари кои се одиграа во НБА лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелниот шампион, Кливленд, во дербито на Истокот славеше над Торонто 121:117. Кливленд ја запиша деветтата победа во десеттиот меч, додека Торонто има скор 7/2.

Леброн Џејмс со 28 поени, 14 асистенции и девет скока го предводеше шампионот. Над 20 поени постигнаа Кајри Ирвинг (24) и Ченинг Фрај (21), додека дабл-дабл остарија Кевин Лав (19 поени, 13 скокови) и Тристан Томпсон (15 поени, 11 скокови).

Лос Анџелес Лејкерс доби уште еден меч, овој пат совладан беше Бруклин со 125-118, за седми трумф во 12 меч оваа сезона.

Расел со 32 коша беше најефикасен во тимот на Лејкерс, Лопез постигна 30 кај Бруклин, Богдановиќ еден помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембанјама исфрлен од натпревар: Збесна, па жестоко удри со лакт во лицето на противникот (Видео)

Кошаркарите на Минесота ги совладаа Сан Антонио Спарс со 114:109 пред своите навивачи и из…