Дома Останати Кошарка НБА Видео: Леброн до рекорд на кариерата, Вестбрук до 100 трипл-дабл во кариерата, Јокиќ одличен во поразот на Денвер

Видео: Леброн до рекорд на кариерата, Вестбрук до 100 трипл-дабл во кариерата, Јокиќ одличен во поразот на Денвер

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари.

Kливленд на гостувањето против Феникс славеше победа од 129:107 и така ја прекина низата од два порази. Кливленд од првиот до последниот момент беше во водство, а во еден момент имаше и+27.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леброн Џејмс со трип-дабл предводеше седумина играчи кои завршија со двоцифрен број на поени. Џејмс натпреварот го заврши со 28 поени, 13 скокови и 11 асистенци, за „кралот“ ова беше 14 трипл-дабл во сезоната што до сега не му успеало. Џордан Кларксон додаде 23 поени, а Кајл Корвер еден помалку.

Тиџеј Ворен беше најефикасен кај Феникс со дабл-дабл учинок од 19 поени и 10 скокови, ист број на поени уфрли и Џо Џексон.

Денвер после две победи во низа запиша пораз на гостувањето кај Лејкерси (112:103). Кајл Кузма и Џулијанс Рендл постигнаа по 26 поени и 13 скокови, а Кузма додаде и една украдена топка. Ајзеа Томас натпреварот го заврши со 23 поени, а Брук Лопез додаде 17 поени.

Кај Денвер Вилсон Чендлер забележа дабл-дабл со 26 поени и 10 скокови, Џамал Мареј додаде 18, Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 15 поени, девет скокови и пет асистенции.

Во еден момент Јокиќ можеше да влезе и во физичка пресметка. Овој момент можете да го погледнете ТУКА.

Оклахома стигна до победа со 119:107 против Атланта. На оваа средба Расел Вестбрук стигна до својот 100 трипл-дабл во кариерата. Вестбрук натпреварот го заврши со 32 поени, 12 скокови и исто толку асистенции. Кармело Ентони додаде 21 поен, Џереми Грант еден помалку.

Атланта беше предводена од Терен Принс со 25 поени, Денис Шордер додаде 18.

Немања Бјеилца одигра уште една одлична вечер и имаше учинок од 17 поени, осум скокови и седум асистенции во победата на Минесота над Вашингтон од 116:111. Покрај Бјелциа одлична вечер имаше и Карл Ентони Таунс кој натпреварот го заврши со дабл-дабл, 37 поени и 10 скокови. За Вашингтон Маркиф Морис беше најефикасен со 27 поени.

НБА резултати:

Филаделфија – Индијана 98:101

Вашингтон – Минесота 111:116

Атланта – Оклахома 107:119

Бруклин – Торонто 102:116

Њујорк – Далас 97:110

Чикаго – Лос Анџелес Клиперс 106:112

Њу Орлеанс – Шарлот 119:115

Сан Антонио – Орландо 108:72

Јута – Детроит 110:79

Феникс – Кливленд 107:129

Лос Анџелес Лејкерси – Денвер 112:103

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Скандалозно однесување: Кошаркар на Милвоки намерно ја фрли топката во публика 🎥

Екипата на Милвоки ја заврши сезоната во НБА лигата со елиминацијата во плеј-офот од Индиј…