Дома Кошарка Видео: Леброн донесе победа со звукот на сирената

Видео: Леброн донесе победа со звукот на сирената

Кливленд синоќа стигна до трета победа против Торонто, а херој повторно беше Леброн Џејмс кој погоди со звукот на сирената. Со 3:0 поведе и Бостон против Филаделфија.

Кливленд имаше водство во поголемиот дел од мечот, но Торонто во последните минути се врати и на осум секунди до крајот стигна до израмнување 103:103.

И кога сите помислија дека ќе има дополнителни пет минути, на сцена повторно стапи Џејмс, го мина целиот терен и погоди за нова победа и водство од 3:0. „Кралот“ мечот го заврши со 38 коша, а помош имаше од Кевин Лав кој уфрли 21 поен.

Бостон идентично дојде до 3:0 и тоа на гостински терен против Филаделфија. Домаќините извлекоа продолжение со поените на Белинели во последната секунда од четвртиот период со кои беше поставен резултатот 89:89.

Селтикси во продолжение славеа со 101:98. Џејсон Тејтум беше најдобар кај гостите со 24 поени, Тери Розиер постигна 18, додека Ал Хорфорд реализираше 13 скока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ со 53 поени го урна Портланд, погоди и од три четвртини терен!

Лука Дончиќ блесна во победата на Лејкерс од 124:118 над Портланд, а спектакуларната тројк…