Синоќа се одигра неколку фантастични натпревари во НБА лигата, а најголемо внимание привлекоа Леброн Џејмс ко го водеше Кливленд до победа против Минесота и Харден кој повторно ја надмина бројката од 40 поени.
Леброн одигра одличен натпревар запишувајќи трипл-дабл – 37 поени, 15 асистенции и 10 скока и беше херој за својот тим. Тој на 40 секунди пред крајот на регуларниот дел од натпреварот против Минестота погоди тројка за 129-129 и избори продолжение. Во екстра времето вицешампионот се наметна и со подобра игра во одбрана стигна до победа од 140-138.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хјустон се наоѓа во извонредна форма и има 9 победи на последните 10 меча, а најголеми заслуги за одличните резултати има Џејмс Харден. „Брадата“ блескаше во победата над Мајами 109:101 со 41 поен и 6 асистенции.
На споритвната страна поразот на Мајами не го спречија Горан Драгиќ и Џош Ричардсон кои постигнаа по 30 поени.
Резултати:
Детроит – Бруклин 115: 106
Мајами – Хјустон 101: 109
Кливленд – Минесота 140: 138 по продолжение
Мемфис – Јута 88:92
Феникс – Сан Антонио 81: 129