Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.
Во натпреварот на двата клуба со славна историја, но резултатски не толку важен, ЛА Лејкерси славеше над Сан Антонио Спарс со 122:112 после продолженија. Најефикасниот играч кај Лејкерси беше Кајл Кузма кој стигна до бројката 30 поени. Шест од нив постигна во продолжението во кое Лејкерси го надиграа ривалот со 14:4.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лемаркус Олдриџ беше најефикасен во поразениот тим, но тоа не му беше доволно на Сан Антонио да го избегне седмиот пораз во низа на гостувањата.
Мајами ја совлада Атланта на гостински терен со 88:115. Интересен детал од оваа средба е што крилниот кошарар на Мајами, Кели Олиник заработи еден милион долари со оваа победа. Тој против Аталанта ја исполни клазулата од неговиот договор – 1.700 минути на паркетот. Олиник имаше и забележителен учинок заедно со Ричардсон беа најефикасните кај Мајами со по 19 поени.
Торонто запиша победа против Бостон од 96:78. Интересно е што во редовите на Торонто најефикасен беше Дерожан со само 16 поени. Кај Бостон Морис уфрли 21 поен и запиша пет скокови.
НБА резулати:
Детроит – Филаделфија 108:115
Орландо – Далас 105:100
Аталнта – Мајами 86:115
Њу Орлеанс – Мемфис 123:95
Торонто – Бостон 96:78
Лос Анџелес Лејкерси – Сан Антонио 122:112 (после продолженија)