Дома Фудбал Видео: Конте откри што му кажал на Меси по натпреварот!

Видео: Конте откри што му кажал на Меси по натпреварот!

Тренерот на Челзи веднаш после вчерашниот последен свиреж влезе на теренот и му честиташе на човекот кој го исфрли од Лигата на шампионите Лионел Меси.

Барселона во реваншот од 1/8 финалето го победи Челзи со 3:0 (првиот натпревар 1:1). Лионел Меси на оваа средба постигна два погодоци и запиша една асистенција.

Новинарите на конференцијата очекувано го запрашаа Конте што му кажал на Меси по натпреварот.

„Кога имате прилика да му дадете комплимент на Меси истата треба да ја искористите. Сосема во ред е да славите таков, супер играч. Играч кој секоја сезона постигна по 60 погодоци. Многу сум задоволен што после натпреварот имав прилика да му дадам комплимент. Тој е најдобар во светот’, одговори Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга пак го совлада Вардар, Шкемби доби силен поттик пред Шкендија

Голот на Радески ѝ донесе на Струга победа од 1-0 кај Вардар. Бледи Шкемби го нагласи знач…