Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва ќе играат против ПСЖ во рамките од првото коло во Лигата на шампионите.
„Црвените ѓаволи“ вчера го одработија последниот тренинг пред вечерашниот меч, а во центарот на вниманието се најде Бруно Фернандеш кој вечерва ќе биде капитен на Јунајтед на „Паркот на принцовите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во медиумите претходните денови, посебно после дебаклот од Тотенхем се пишуваше за наводно расправија во соблекувалната на Јунајтед во која во главна улога бил токму Фернандеш. Фудбалерот набрзо потоа ги демантираше таквите пишувања, но сега се појави видео кое покажува дека можеби сепак имало нешто.
На социјалните медиуми е објавено видео на кое може да се види како Фернандеш се лути на новиот играч на Јунајтед, Алекс Телеш додека играат „шева“. Секако, не е ништо сериозно, но е доволно да ја покаже избувливоста на Португалецот.
Bruno Fernandes is 100% captain material.
— StrettyNews.com (@StrettyNews) October 19, 2020
Losing his cool with Alex Telles for not moving the ball on quickly enough.
These are the levels we need! ?#mufc #mulive pic.twitter.com/9uA2B55t7U