Дома Останати Кошарка Видео: Кливленд изедначи, чудесен натпревар на Леброн, Хјустон сигурно до 2:0

Видео: Кливленд изедначи, чудесен натпревар на Леброн, Хјустон сигурно до 2:0

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни три натпревари.

Тимот на Кливленд изедначи во серијата против Индијана, предводени од Леброн Џејмс стигнаа до победа од 100:97.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дека ќе следи жестока реакција после поразот во првиот натпревар беше јасно веќе после првата четвртина. Кавси играа како во транс. Џејмс беше фантастичен и ги постигна првите 13 поени за својата екипа, до крајот на првиот период стигна до бројката од 20, што за него е втор пат во кариерата во натпревар од плеј-оф една четвртина да ја заврши со 20 или повеќе поени. Таа четвртина Кливленд ја доби со 33:18.

На крајот „кралот“ натпреварот го заврши со фантастични 46 поени, 12 скокови, пет асистенции и две украдени топки. Кевин Лав постигна 15, а Кајл Корвер 12 поени. На другата страна Виктор Оладипо беше најефикасен со 22 поени, четири помалку постигна Мајл Тарнер.

Резултатот од оваа серија е 1:1, со тоа што наредните два меча ќе се играат во Индијанаполис.

Хјустон стигна и до втората победа во плеј-офот на западната конференција против Минесота.

Домаќинот стигна до победа од 102:82 и така стигнаа до предност од 2:0. Најефикасен во победничкиот тим беше Крис Пол со 27 поени, осум асистенции и три скока, додека Џерланд Грин забелжа дабл-дабл од 21 поени и 12 скокови. На другата страна Немања Бјелица уфрли 16 поени, а двоцифрени беа уште Ендру Вингс со 12 и Џими Батлер со 11 поени.

Јута направи „брејк“ и славеше на гостински терен против Оклахома со 95:102, па сега резултатот во оваа серија е 1:1.

Од редовите на гостинскиот тим тројца играчи стигнаа до учинок над 20 поени. Мичел запиша 28 поени, две асистенции и шест скокови, Рубио 22 поени, девет асистенции и седум скокови и Фаворс 20 поени, три асистенции и 16 скокови.

Кај Оклахома на чекор од нов трипл дабл беше Расел Вестбрук со 19 поени, 13 асистенции и 9 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…