Дома Останати Кошарка Видео: Кливленд до победа, Леброн го сруши рекордот на Џордан, Таунс за Минесота одигра чудесен натпревар

Видео: Кливленд до победа, Леброн го сруши рекордот на Џордан, Таунс за Минесота одигра чудесен натпревар

lebron

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни осум натпревари.

Кливленд предводен од неверојатниот Леброн Џејмс стигна до победа против Шарлот 118:105. Џејмс на оваа средба стигна до учинок од 41 поен, 10 скокови и 8 асистенции. „Кралот“ со ваквиот настап го собори рекордот на Мајкл Џордан.  На 866 натпревари на кои постигнувал повеќе од 10 поени.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Иако Леброн стигна до 41 поен сепак не беше најефикасниот играч на вечерта.

Карл-Ентони Таунс имаше вечер за паметење! Крилниот центар на Минесота во победата (126:114) над Атланта постигна неверојатни 56 поени! Покрај тоа што беше расположен за поентирање Таунс забележа уште 15 скокови и четири асистенции. Во оваа чудесна вечер за Таунс тој постави и клупски рекорд.

Џејлен Браун со 21 поен, пет скокови и три асистенции го предводеше Бостон до победа над Јута (97:94). Во редовите на Јута најдобар беше Донован Мичел со 22 поени и шест асистенции.

Лос Анџелес Лејкерси беа подобри од Далас Маверикс со 103:93. Брук Лопез со 22 поени, 7 скокови и 4 асистенции беше најдобар во победичката екипа, додека кај Далас тоа бешеа Херисон Барнс со 17 поени и четири скока.

НБА резултати:

Шарлот – Кливленд 105:118

Орландо – Бруклин 104:111

Филаделфија – Њујок Никси 118:103

Минесота – Атланта 126:114

Јута – Бостон 94:97

Феникс – Лос Анџелес Клиперс 99:111

Лос Анџелес Лејкерс – Далас 103:93

Мемфис – Портланд 108:103

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…