Во рамките од 21 коло во Бундес лигата во терминот од 20:45 часот својот натпревар го одиграа екипите на Келн и Борусија Дортмунд.
Во овој натпревар за Борусија дебитираше и новото засилување Мичу Батшуаи кој пристигна како замена за Пјер-Емерик Обамејанг на позајмица до крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Токму Батшуаи беше еден од најзаслужните за денешната победа на „милионерите“ од 2:3.
Батшуаи најпрво погоди во 35 минута од натпреварот и со неговиот погодок Борусија замине со предност на полувремето.
На истекот на еден час игра Золер изедначи, а само две минути подоцна Батшуаи со својот втор погодок на натпреварот ја врати предноста на „милионерите“. Домаќините изедначија преку Мере во 70 минута, а за победа и три бода за гостите од Дортмунд погоди Андре Шурле во 84 минута од средбата.