Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа четири натпревари.
Највозбудливо беше во Кливленд каде што Кавси со еден поен разлика успеаа да слават над Орландо со резултат 104:103, а клучни беа поените на Ајзе Томас од слободни фрлања на 11 секунди пред крајот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кавси после првото полувреме имаа предност од 67:47 во еден момент во втората четвртина беше дури и +23, па во продолжение се очекуваше рутинск победа. Меѓутоа Орландо полека ја топеше предноста на Кливленд, па на 31 секунда пред крајот за прв пат стигнаа и до предност 103:102. На крајот сепак се добро се заврши за Кливленд бидејќи Ајзе Томас ги погоди двете последни слободни фрлања.
Најефикасен во редовите на Кливленд беше токму Томас со 21 поен, Леброн Џејмс запиша 16, Кевин Лав оствари дабл-дабл со 12 поени и 11 скокови, додека Двејнд Вејд уфрли 11 поени.
Хјустон ја совлада Минесота со 116:98. Рокетси до победата стигнаа најмногу благодарение на Ерик Гордон кој постигна 30 поени, додека 20 уфрли Клинт Капел. Крис Пол за Хјустон беше на чекор од дабл-дабл со 19 поени, девет асистенции и шест скокови.
Ѕвзедата на Хјустон, Џејмс Харден во овој натпревар се врати на терените после пауза од седум натпревари поради пвореда на задната ложа. Одигра 26 минути и постигна десет поени, додаде седум асистенции и запиша два скока.
НБА резултати
Бостон – Филаделфија 80:89
Кливленд – Орландо 104:103
Хјустон – Минесота 116:98
Портланд – Индијана 100:86