Дома Останати Кошарка НБА Видео: Историски трипл-дабл на Јокиќ, Голден Стејт конечно победи

Видео: Историски трипл-дабл на Јокиќ, Голден Стејт конечно победи

Со 33-от трипл-дабл во кариерата, Никола јокиќ се проби на 10-то место на вечната листа во НБА лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Српскиот репрезентативец ги предводеше Денвер Нагетс до петтата победа во низа на домашен терен против Минесота 109:100.

Со новиот троен учинок, Јокиќ го помина Ражон Рондо, а се изедначи со Боб Коузи 10-тото место на вечната листа, како единствен Европеец во оваа категорија. Србинот постигна 22 поени и по десет скока и асистенции. 

Голден Стејт конечно успеа да дојде до победа, на домашен терен беше подобар од Њу Орлеанс со 106-102 во дуелот на двете последнопласирани екипи во Западната конференција. 

Далас Маверикс забележаа убедлива победа во Филаделфија 117:98. Блескаше на овој натпревар Летонецот Прозингинс со 22 поени и 18 скока. 

Резултати:

Кливленд-Мемфис 114:107
Индијана-Сакраменто 119:105
Бостон-Детроит 114:93
Торонто-Вашингтон 122:118
Мајами-Њујорк 129:114
Оклахома-Финикс 98:117
Портланд-Орландо 118:103
Голден стејт-Њу Орлеанс 106:102

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…