Дома Останати ВИДЕО: Историски момент во „е-спортот“, за прв пат шампион во „Старкрафт 2“ не е Кореец!

ВИДЕО: Историски момент во „е-спортот“, за прв пат шампион во „Старкрафт 2“ не е Кореец!

Ноќта на 4-ти ноември беше историска за сите фанови на „е-спортот“ – за прв пат после 20 години во „Старкрафт“, Јужна Кореја не е доминатна сила.

Оваа година доминацијата ја превзема Финска, односно одличниот млад играч Серал кој во текот на годината воодушеви со своите настапи. Освои големи турнири, а круната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


беше оваа најважната во кариерата на секој професионален „е-спортист“- стана светски шампион.

Така оваа 2018 година влегува во историјата како прв година во која трофејот наменет за „Старкрафт 2“ светскиот шампион го подигнал некој кој не е Кореец. Серал прво во четвртфиналето го исфрли Дарк, кој претходно зборуваше дека Серал му е најелсниот противник, а потоа во полуфиналето падна и досегашниот шампион, Роги.

На крајот во финалето го чекаше одличниот Статс. Но едноставно Серал беше незапирлив, прикажа извонредна игра на повисоко ниво и заслужено стигна до титулата.

Серал со оваа светска титула освои 250.000 долари, со што дојде до бројката од 550.000 долари заработени во досегашната кариера само од турнири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …