Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Интер ја продолжува серијата – „пукна петарда“ и без Икарди

ВИДЕО: Интер ја продолжува серијата – „пукна петарда“ и без Икарди

Во 11-то коло од италијанската Серија А, Интер беше домаќин на Џенова и на крајот „нероаѕурите“ славеа победа од 5:0.

За овој натпревар Лучијано Спалети не сметаше на Мауро Икарди, Аргентинецот одмараше за средбата против Барселона во Лигата на шампионите.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сепак, Интер на крајот и без најдобриот стрелец стигна до лесна победа од 5:0, што за овој клуб е седма во низа во Серија А.

Во период од две минути Интер постигна два погодоци. Прво, Гаљардини погоди за 1:0 во 14-тата, а само две минути подоцна Политано зголеми на 2:0. Во двете ситуации асистент беше Жоао Марио.

Во 49 минутата Гаљардини постигнува нов гол, за во 91-та Жоао Марио после двете асистенции и сам да се запише во листата на стрелци. Конечниот резултат го постави Наинголан во 93-тата и по трет пат асистент беше Жоао Марио.

Интер после оваа победа се наоѓа на втората позиција со 25 освоени бодови, додека лидерот Јувентус на своето конто има 28 бодови и вечерва го игра натпреварот против Каљари.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…