Реал Мадрид доживеа нов кикс во Примера.
Синоќа во Валенсија ремизираа 2:2 против Леванте, па сега заостануваат 18 бода зад лидерот Барселона, која има и натпревар повеќе. Најдобриот фдбалер во светот, Кристиано Роналдо имаше уште една ноќ за заборавање.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Статистиката открива дека Португалецот синоќа не постигна ниту гол, ниту запиша асистенција. Имаше седум шута, од кои само два во рамките на голот. Направи и само еден дриблинг.
Роналдо беше толку невидлив што имаше само 47 додири за 82. минути на теренот, по што Зинедин Зидан го извади од игра. Како и да е, овој ден Роналдо ќе сака што побрзо да го заборави.