Дома Останати Кошарка Видео: Западот победи во најефикасниот Ол-стар, Дејвис МВП!

Видео: Западот победи во најефикасниот Ол-стар, Дејвис МВП!

Кошаркарите на Западната конференција ги победија колегите од Истокот со 192:182 во 66-от натпревар на „Сите ѕвезди“ во НБА лигата.

На натпреварот во Њу Орлеанс одбрани не се играа поради што е и соборен рекордот според вкупниот број на постигнати поени.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


МВП титулата ја освои домашниот играч Ентони Дејвис кој постигна 52 поени (23/39 од поел), а имаше и 10 скокови и 2 асистенции. Кај Западот Кевин Дурент забележа трипл дабл од 21 поен и по 10 скокови и асистенции.

Истокот го предводеше Леброн Џејмс со 23 поени со што стана првиот играч со постигнати повеќе од 300 поени во кариерата на Ол-стар натпреварите.

Ентони Дејвис стана првиот играч по Коби Брајант во 2011 година, кој пред домашната публика го понесе признанието МВП, а Кевин Дурент првиот играч кој по пауза од пет години забележа трипл дабл.

Покрај Дејвис и Дурент во тимот на Западната конференција се истакнаа Расел Вестбрук со 41 поен, 7 скокови и 5 асистенции, Стеф Кари со 21 поен и Џејмс Харден со 12 поени, 12 асистенции и 7 скокови.

Најефикасен во тимот на Истокот беше Јанис Адедокубо со 30 поени, Кајри Ирвинг уфрли 22, а Ајзеа Томас 20 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ова не го очекуваа: Јокиќ повторно ги шокира Србите?

Сезоната за Денвер во НБА лигата заврши со елиминрацијата во полуфиналната серија против М…