Дома Фудбал Англија Видео: „Енфилд“ повторно го слави „Фараонот“, Челзи со „петарда“ го испрати Стоук!

Видео: „Енфилд“ повторно го слави „Фараонот“, Челзи со „петарда“ го испрати Стоук!

Денес со почеток во 16:00 часот во Премиер лигата се одиграа шест натпревари.

Ливерпул на крилијата на фантастичниот Мохамед Салах успеа да стигне до победа од 1:2 во натпреварот против Лестер. Натпреварот за „црвените“ не започна баш најдобро.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повторно на сцена стапи лошата одбрана на Ливерпул, а тоа знаеа да го искористат Марез и Варди, Алжирецот беше асистент, а Варди егзекутор за предност на „лисиците“ веќе во третата минута. Тоа беше и единствениот погодок во првото полувреме.

Вториот дел Ливерпул го стартуваше многу подобро, а после само седум минути игра, Садио Мане испрати одлична асистенција со пета до Салах кој ја „измеша“ одбраната на гостите и погоди за изедначување. Се играше 76 минута кога Мохамед Салах повторно донесе радост на „Енфилд“ со нов погодок со кој ги постави конечните 2:1.



Тимот на Челзи одигра одличен натпревар против Стоук и славеше со 5:0. Избраниците на Антонио Конте после само нешто повеќе од 20 минути игра имаа предност од 3:0. Стрелаа Рудигер, Дринквотер и Педро. Во вториот дел Вилијан од пенал и Запакоста во финишот ја потврдија убедлива победата.

Во останатите натпревари, Бурнемоут го совлада Евертон со 2:1, Свонси со 1:2 славеше на гостувањето против Вотфорд, додека натпреварите помеѓу Њукасл и Брајтон и Хадерсфил и Барнли завршија без погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…