Дефанзивецот на Рома, Костас Манолас во вчерашниот натпревар против Барселона го постигна голот кој Рома ја одведе во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Во Рим падна големата Барселона, а за Манолас ова веројатно беше најдобриот натпревар во кариерата.
По завршувањето на натпреварот фудбалерот не можеше да ги сокрие емоциите, додека целиот стадион ја пееше победничката песна.
Уште еднаш се покажа дека фудбалот е повеќе од игра…