Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Едно чудесно полувреме за Ливерпул беше доволно, Барселона до победа – два автоголови на Рома

Видео: Едно чудесно полувреме за Ливерпул беше доволно, Барселона до победа – два автоголови на Рома

liverpool

Вечерва во рамките од ¼ финалето во Лигата на шампионите беа одиграни два натпревари Ливерпул против Манчестер Сити и Барселона против Рома.

Секако во центарот на вниманието беше англиското дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Избраниците на Јирген Клоп стигнаа до супер резултат и славеа со 3:0 и сите погодоци беа постигнати во првите 30 минути од натпреварот.

Мохамед Салах го доведе Ливерпул до водство во 12 минута, Чемберлејн во 21 со „топовски“ удар од далечина зголеми на 2:0, а само десет минути подоцна Садио Мане постигнува гол за 3:0.

Ливерпул и по овој погодок создаде уште неколку одлични прилики за погодок, но сепак резултатот не се менуваше.

Во вториот 45 минути следевме нешто посмирена игра со по некоја шанса и на двете страни.



Барселона стигна до победа во натпреварот против Рома од 4:1.

Она што беше интересно на оваа средба е што од четирите погодоци, два беа автоголови на фудбалерите на „волчицата“. Де Роси во 38 минтуа и Манолас во 55 минута ја погодуваа својата мрежа.

Останатите два погодоци за Барселона ги постигнаа Жерер Пике и Луис Суарез. Единствениот гол за Рома беше дело на Един Џеко.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пресврт: Тухел останува во Баерн и става потпис на нов договор

Раоводството на Баерн Минхен пред два месеци донесе одлука да се раздели со Томас Тухел на…