Дома Фудбал Италија Видео: Евроголот на Асприлија пред преполниот „Сан Сиро“ со кој беше прекината неверојатната серија на Милан…

Видео: Евроголот на Асприлија пред преполниот „Сан Сиро“ со кој беше прекината неверојатната серија на Милан…

asprilia

Пред точно 25 години легендарниот колумбиски напаѓач стави крај на низата од 58 натпревари без пораз на „росонерите“.

На тој 21 март 1993 година Парма му гостуваше на страшниот Милан на „Сан Сиро“. Милан во овој натпревар влегуваше со неверојатна серија од 58 натпревари без пораз, оваа низа беше прекината благодарение на Фаустин Асприлија.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Досуден беше слободен удар на одалеченост од околу 25 метри од голот на Себастијан Роси, а Колумбиецот се послужи со трик.

Бидејќи Марко Осио беше задолжен за прекините, Фаустин Асприлија истрча до клупата и побара дозвола од Неви Скале да шутира, не ја доби, но блефираше дека ја добил и Осио се тргна на страна.

Скале беснешее кога виде дека Асприлија ја мести топката, но брзо бесот беше заменет со радост бидејќи Асприлија постигна вистински еврогол. Роси остана закопан во место и можеше само со поглед да ја испрати како влегува во мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…