Дома Останати Кошарка Видео: Дурент ја прегази „својата“ Оклахома!

Видео: Дурент ја прегази „својата“ Оклахома!

Долгоочекуваната прва средба на Кевин Дурент со својот поранешен тим Оклахома, мина во знакот на Голден Стејт и самиот Дурент кој со 39 поени буквално го прегази тимот во која настапуваше до оваа сезона.

Голден стејт и го нанесе првиот пораз на Оклахома оваа сезона и тоа благодарение на нивната поранешна ѕвезда, Дурент кој беше исклучително шутерски расположен и постигна 39 поени, погоди 15 од 24-те обиди од поле.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По израмнетата прва четвртина во која Оклахома имаше и предност, во втората се случи тотална доминација на домаќините. На паузата се замина со 68-43, а до крајот Голден Стејт рутински го одржуваше водството.

Кливленд останува единствената непоразена екипа во лигата. Актуелниот шампион синоќа на свој терен го совладаа составот на Бостон Селтикс со 128:122, а повторно на теренот одлични беа тројата Џејмс, Лав и Ирвинг.

Резултати:
Голден Стејт – Оклахома 122:96
Минесота – Денвер 99:102
Милвоки – Индијана 125:107
Кливленд – Бостон 128:122
Орландо – Сакраменто 102:94

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…