После еден возбудлив натпревар полн со голови и пресврти на „Олимпико“, Рома го победи Ливерпул со 4:2, но „црвените“ се тие кои ќе патуваат во финалето во Киев.
Во првите пет минута Рома започна фуриозно, но после една грешка на средината на теренот следеше фуриозна контра на „црвените“ која заврши со гол на Мане.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Само неколку минути подоцна Рома среќно го израмни резултатот. Ел Шарави го бараше Џеко во шеснаесетникот, но топката после еден карамбол од Милнер заврши во голот на „црвените“.
Сепак, кратко траеше радоста на „волчицата“ бидејќи после еден корнер во 26-та минута Џеко му ја сервираше топката на Вајналдум кој погоди за 2:1.
До крајот на полувремето имаше шанси на двете страни, а најздрелата беше за домаќините во 36-та минута кога Ел Шарави ја погоди стативата.
Во второто полувреме Рома тргна фуриозно и стигна до израмнување во 52-та минута. Кариус го одбрани ударот на Ел Шарави, но топката стигна до Џеко кој погоди за 2:2.
„Волчицата“ беше подобар противник во второто полувреме и создаде многу шанси, а во 63-та минута беше оштетена откако Арнолд играше со рака пред својот гол, а судијата не покажа на белата точка.
Иницијативата на домаќините конечно вроди со плод во 86-та минута кога Наинголан со фантастичен удар од дваесетина метри донесе водство од 3:2.
Драмата траеше до последниот свиреж на судијата, бидејќи во 93-та минута беше досуден пенал за Рома кој во гол го претвори Наинголан за конечни 4:2.
Сепак, оваа победа на „волчицата“ се покажа како „пирова“ бидејќи во финалето во Киев патува Ливерпул.