Дома Фудбал Видео: Драма во Шпанија – славниот напаѓач го оживуваа на терен!

Видео: Драма во Шпанија – славниот напаѓач го оживуваа на терен!

Атлетико Мадрид испушти два бода на „Риазор“ во Ла Коруња, откако одигра 1:1 со Депортиво, но натпреварот од 25.коло мина во знакот на тешката повреда на Фернандо Торес.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Искусниот напаѓач на Атлетико во 84.минута беше цел на жесток старт од страна на Алекс Бергантинос, во монетот кога со глава ја изби топката во поле.

Фернандо Торес падна на теренот, а лекарските екипи веднаш интервенираа, му го имобилизираа вратот и го однесоа в болница.

Информациите од Атлетико говорат дека „Торес доживеал драматичен потрес на мозокот“ и дека ноќта ќе ја мине под лекарски надзор во болницата во Ла Коруња.

Мечот заврши 1:1, а стрелци на головите беа Андоне за домаќинот во 12.минута по катастрофалната грешка на голманот Облак, а израмни со вистински еврогол Гризман во 68.минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо му достави листа на Перез: „Овие шестмина веднаш да си заминат“

Според информациите кои се појавија во јавноста, португалскиот стратег го известил клупско…