Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Драма во Филаделфија и 42 поени на Ембид, Денвер поразен, Јокиќ постави рекорд на кариерата

ВИДЕО: Драма во Филаделфија и 42 поени на Ембид, Денвер поразен, Јокиќ постави рекорд на кариерата

nba

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари, а најинтересно беше во Филаделфија каде што домаќините после голема борба и продолженија го совладаа Шарлот со 133:132.

Филаделфија од почетокот на втората, па се до половината на четвртата четвртина имаа предност, која во поголемиот дел од и тоа како беше со повеќе поени разлика.
На половината на третата четвртина домаќинот имаше и +21, а во последните десет минути влеговме со резултат 96:85.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Хорнетси не се предаваа и полека ја „топеа“ предноста на противникот во последната четвртина, за на средина од истата да стигнат и до водство. После поените на Кемба Валкер на 27 секунди пред крајот Хорнетси имаа и два поени предност 117:119, но Ембид неколку минути подоцна од линијата за слободни фрлања го изедначи резултатот.

После 48 минути игра резултатот беше 119:119, па се премина кон продолжение во кое домаќините имаа поголема концентрација и на крајот славеа победа.

Одличен натпревар одигра Ембид кој запиша дабл-дабл со 42 поени и 18 скокови. Дабл-дабл имаше Симонс со 22 поени и 13 асистенции. Кај Хорнетси најефикасен беше Кемба Валкер со 30 поени.

Бруклин Нетс запишаа победа против Денвер со резултат 112:110. Најефикасен во победничкиот тим беше Д’Aнџело Росел со 23 поени, Џарет Ален додаде 18, додека Карис Леверт уфрли поен помалку.

На другата стрнаа Никола Јокиќ после неколку послаби поентерски вечери овој натпревар го заврши со 37 поени и 21 скок. На тој начин тој го изедначи рекордот на кариерата по бројот на скокови.

НБА резултати

Орландо – Вашингтон 117:108

Филаделфија – Шарлот 133:132

Атланта – Детроит 109:124

Мајами – Индијана 102:110

Денвер – Бруклин 110:112

Јута – Бостон 123:115

Сакраменто – Минесота 121:110

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Чави се огласи по најавите дека ќе биде сменет!

Од по натпреваерот против Алмерија во јавноста на големо се пишува за можната смена на Чав…