Дома Фудбал Германија (Видео) Дортмунд сигурен, ремек дело на Бартра, стрелаше и Обамејнг…

(Видео) Дортмунд сигурен, ремек дело на Бартра, стрелаше и Обамејнг…

Денес со почеток од 15:30 часот се одиграа пет средби од германската Бундеслига од кои најголемо внимание привлече натпреварот помеѓу екипите на Волфсбург и Борусија Дортмунд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Милионерите“ како и Баерн беа сигурни на отварањето, запишаа гостинска победа против Волфсбург од 0:3. Гостите до предност стигнаа во 22 минута преку Пулисиќ.

Само пет минути подоцна следуваше вистинско ремек дело на Марк Батра, па Борусија веќе имаше предност од 0:2. Резултат со кој се замина на полувремето.

Во вториот дел следуваше нешто помирна, „милионерите“ одлично ја чуваа предноста од првиот дел, а точка на натпреварот стави Пјер-Емерик Обамејанг во 60 минута од средбата.

Во останатите натпревари, Хановер славеше минимално на гости против Мајнц, Хофенхајм со истиот резултат беше подобар од Хановер, како и Хамбургер од Аугусбург, додека Херта со 2:0 славеше во натпреварот против Штудгарт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Сопругата на голманот на ПСЖ стана хит: Не смееше да внесе руско знаме на стадионот, еве како се снајде (Видео)

И покрај тоа што во финалето на Лигата на шампионите главните ѕвезди беа стрелците и херои…