Дома Останати Кошарка НБА ВИДЕО: Дончиќ со одлична шутерска вечер го „уништи“ Детроит, Харден и Хјустон до победа во дербито

ВИДЕО: Дончиќ со одлична шутерска вечер го „уништи“ Детроит, Харден и Хјустон до победа во дербито

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 10 натпревари.

Тимот на Хјустон иако без неколку играчи од стартниот тим го доби дербито со Торонто (121:119). Како и вообичаени прво име во тимот на Хјустон беше Џејмс Харден кој овој пат постигна 35 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


https://youtu.be/kuSb_Zqx-c8

Лука Дончиќ одигра нов одличен натпревар и во победата на Далас над Детроит (106:101) постигна 32 поени и запиша осум скока и исто толку асистенции. Словенецот и во овој натпревар како многу пати досега беше лидер на Далас на кој му помогна да ја продолжи да игра одлично на домашен терен. Грифин од Детроит со 35 поени беше најефикасен на натпреварот.

https://youtu.be/T9VwsNhE2OI

Јанис Антетокумпо имаше учинок од 34 поени и 14 скока и така беше најзаслужен за победата на Милвоки против Шарлот (108:99). Бакси одиграа одлично во последната четвртина и ја добија со 20 разлика за мирна завршница.

https://youtu.be/w611yvQJ4SY

Денвер продолжи со добрите игри и овој пат славеше над Феникс со (132:95). Кај Денвер дури осум кошаркари имаа двоцифрен број на поени, а помеѓу нив најрасположен беше Пол Милисап со 20 поени.

https://youtu.be/_8yTduNl3rg

Јута си направи проблеми во зацршните минути, но сепак стигна до победа против Минесота од 106:102. Во овој натпревар Карл Ентони Таунс запиша 33 поени и 10 скокови.

Во останатите натпревари Вашингтон го победи Орландо со 91:95, Мајами беше подобар од Кливленд со 94:100, Бруклин ги победи Њујорк Никси со 109:99, додека Клиперс на гости кај Чикаго беше подобар со 101:106, Сакраменто го совлада Мемфис со 96:99.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Скандалозно однесување: Кошаркар на Милвоки намерно ја фрли топката во публика 🎥

Екипата на Милвоки ја заврши сезоната во НБА лигата со елиминацијата во плеј-офот од Индиј…