Изминатата вечер во НБА плеј-офот беа одиграни два натпревари.
Кошаркарите на Њу Ореланс славеа победа на домашен терен против Голден Стејт со резултат 119:100, па така намалија на 2:1 во серијата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најзаслужен за победата на домаќините беше Ентони Дејвис кој натпреварот го заврши со 33 поени, 18 скокови, три асистенции и четири украдени топки. Џру Холидеј уфрли 21 поени, седум скокови и пет асистенции, додека Рондо стигна до дабл-дабл учинок од 21 асистенции, 10 скокови и четири поени. Никола Миротиќ исто така имаше голем допринос со 16 поени и 13 скокови, а значајна помош домаќинот имаше и од клупата во ликот на Лан Кларк кој за 21 минута на паркетот постигна 18 поени.
Кај бранителот на титулата Клеј Томпсон беше најефикасен со 26 поени и седум скокови, Кевин Дурант забележа 22, Стеф Кари покрај 19 поени имаше и шест скокови и четири украдени топки, додека Дрејмонд Грин беше на чекор од трипл-дабл (11 поени, 12 скокови и 9 асистенции).
Наредниот натпревар на програмата е во недела во 21:30 часот (по наше време) исто така во Њу Орлеанс, после што серијата се враќа во Оукленд.
Хјустон го врати брејкот на Јута со победата во Солт Лејк Сити 113:92 за водство во серијата од 2:1.
Најдобар кај Хјустон беше Џејмс Харден со 25 поени и 12 асистенции, ист број на поени уфрли и Ерик Гордон, Крис Пол додаде 15 поени, седум скокови и шест асистенции, додека Клинт Капел покрај 11 поени стигна и до осум скокови, четири асистенции и исто толку блокади.
Причината за убедливиот пораз на Јута може да се бара во тоа што Донован Мичел беше целосно неутрализиран, посебно во првото полувреме. На крајот тој натпреварот го заврши со 10 поени. Рој О’Нил беше најефикасен кај Јута со 17 поени и пет скокови, Алекс Брукс додаде 14 поени, Руди Гобер имаше 12 и девет скокови.
Наредниот натпревар се игра ноќта помеѓу недела и понеделник во 02:00 часот (по наше време).