Дома Останати Кошарка Видео: Дербито на Истокот за Бостон, Голден Стејт победи, но се остана во сенка на страшниот пад на Мек Кову

Видео: Дербито на Истокот за Бостон, Голден Стејт победи, но се остана во сенка на страшниот пад на Мек Кову

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа пет натпревари.

Дербито на Истокот им припадна на Селтикси кои славеа против Торонто. Маркус Морис уфрли 25 поени пред да биде исклучен во финишот. Џејсон Татум додаде 24, со шест скокови и четири асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Работите се искомплицираа во финишот кога дојде до турканица, Сиџеј Мајлс и Ибака добија по една техничка грешка. Морис две по што беше исклучен. На Торонто не му беа доволни ниту 32 поени на Дерожан. На крајот Бостон дојде до победа од 110:99.

Сепак, не е ништо готово кога во прашање е титулата на Истокот, до крајот остануваат уште шест натпревари, а веќе во среда овие два тима ќе играат повторно и тоа во Торонто.

Вориорсите славеа во натпреварот против Сакраменто. Оваа нивна победа остана во сенка на тешката повреда на Патрик Мек Кови кој после еден дуел под обрачот со Винс Картер тешко се повреди.

Кевин Дурант на оваа средба стигна до дабл-дабл учинок од 27 поени, 10 скокови и 5 асистенции, се врати и Томпсон после осум натпревари пауза и броеше до 25. Во редовите на Сакраменто најефикасен беше Хиелд со 19 поени, четири асистенции и три скокови.

Србинот Богдан Богдановиќ имаше солиден учинок од 12 поени и четири асистенции и исто толку скокови.

НБА резултати:

Сакраменто – Голден Стејт 96:112

Мајами – Бруклин 109:110 (после продолженија)

Бостон – Торонто 110:99

Њујокр – Детроит – 109:115

Вашингтон – Шарлот 107:93

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…