Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Денвер ги разби Лејкерси, шеста победа во низа за Торонто

ВИДЕО: Денвер ги разби Лејкерси, шеста победа во низа за Торонто

de gea

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни пет натпревари од кои најатрактивна беше онаа од „Пепси Центарот“.

Таму Денвер без поголеми проблеми ги разби Лејкерси со 117:85, откако на полувремето имаше предност од осум разлика (58:50). Тимот на Денвер посебно импресивен беше во продолжението од натпреварот и на крајот славеа победа со 32 поени разлика.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До победата стигнаа благодарение на одличната тимска игра. Ниту еден поединец немаше спектакуларни бројки, но најдобри беа Мареј, Милисап и Бесли со по 20 поени, додека Јокиќ имаше 14 поени, седум асистенции и седум скокови. Во редовите на Лејкерси Кузма имаше 21 поен, додека Леброн и Инграм уфрлија по 14.

Ноќта по добро ќе ја памети и Торонто кој на гости беше подобар од Мемфис со резултат од 122:114. На Мемфис не му беше доволен ниту расположениот Пол Гасол со 27 поени, додека кај гостите најмногу поени уфри Ловри, 24. За Рапторси ова беше шеста победа во низа со што останаа првата позиција на Источната конференција.

Во останатите натпревари, Детроит ги совлада Њујорк Никси со 115:108 со 30 поени на Грифин, Атланта на гости го победи Мајами со 115:113. Добра вечер имаа и кошаркарите на Индијана кои триумфираа против Феникс со 109:104.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Еве каде може да го гледате бараж натпреварот за Светско првенство на Македонија и Фарски Острови

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва (20 часот) во Торшавн го игра првио…