Дома Фудбал Репрезентации Видео: Дебитантот Гигс го декласирше „стариот лисец“ Липи, Бејл испиша историја

Видео: Дебитантот Гигс го декласирше „стариот лисец“ Липи, Бејл испиша историја

Во рамките од пријателскиот куп во Кина се сретнаа селекциите на Кина и Велс.

ВелшаниВте славеа на гостински терен со 0:6 (0:4), на дебито на Рајан Гигс, како селектор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Велс до водство стигна на самиот старт во втората минута и тоа преку Герет Бејл, веќе во 19 минута ѕвездата на Реал повторно ја погодува мрежата на Кинезите за 0:2. До крајот на полувремето со погодоците на Вукс и Вилсон гостите стигнаа до предност од 0:4.

Работите не се променија многу во вториот дел, по 15 минути игра Вукс го постигна својот втор гол на натпреварот. Само четири минути подоцна Бејл испиша историја во велшкиот фудбал, го постигна третиот гол и така стигна до хет-трик, прв за Велс уште од 2004 година и Роберт Ерншао.

И не само тоа, Бејл со овој погодок стана најдобриот стрелец на оваа репрезнетација постигнувајќи 29 погодоци во националниот дрес.

Да потсетиме на клупата на Кина седи Марчело Липи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…