Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Две стативи и погодок за Вилијан, Меси ја казни грешката на Кристенсен – реми во Лондон, „петарда“ Минхен

Видео: Две стативи и погодок за Вилијан, Меси ја казни грешката на Кристенсен – реми во Лондон, „петарда“ Минхен

Вечерва со почеток од 20:45 часот својот прв натпревар од 1/8 финалето го играа – Челзи против Барселно и Баерн Минхен против Бешикташ.

Секако најголемо внимание привлекуваше средбата на двата стари ривали Челзи и Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На стартот од средбата очекувано Барселона ја имаше топката во свој посед. Сепак, првата закана ја имаше Челзи. Азар успеа да се проби по десната страна, тргна кон голот, шутираше, но топката заврши покрај голот.

Само неколку моменти подоцна нова прилика за Челзи! Вилијан нафрли од корнер, Рудигер го доби воздушниот дуел со Пике и Умтити, но неговиот удар со глава не беше прецизен.

Барселона до посериозна прилика за погодок дојде во 17 минута кога Меси перфектно центрираше, а Паулињо шутираше со глава, но како и Рудигер и тој беше непрецизен.

Во 33 минута од средбата ја видовме и најголемата шанса и тоа пред голот на Тер Штеген. Вилијан успеа да си направи простор за удар, шутираше, а неговиот удар заврши во стативата.

На пет минути пред крајот Вилијан повторно ја погоди стативата од голот Барселона.

Во вториот дел работите не се променија многу. Челзи се бранеше и се обидуваше преку контри, а Барса ја држеше  топката во свој посед.

По еден час игра, Челзи успеа да стигне до предност и тоа преку Вилијан. Бразилецот во првиот дел на два пати ја погодуваше стативата, а сега конечно на сличен начин успеа и го пронајде патот до мрежата на Тер Штеген.

Барселона до изнедначување успеа да стигне во петнаесетина минути до крајот на средбата. Дефанзивецот на „сините“ Кристенсен изведе лошо додавање, а тоа Барселона знаеше да го казни и тоа преку Лионел Меси, кој го постигна првиот гол во натпреварите против Челзи.


Во вториот натпревар кој се играше вечерва Баерн со убедливи 5:0 го совлада Бешикташ.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Детенце од трибините испрати силна порака до фудбалерите на Челзи

Во вчерашниот натпревар од Премиер лигата, екипата на Челзи доживеа вистински дебакл во по…