Манчестер Сити полесно од очекувањата го победи Арсенал на гостувањето на „Емирати“(0:3) и ги турна „топџиите“ во уште поголема криза.
Сити го реши натпреварот во првото полувреме, а херој за „граѓаните“ беше фантастичниот Кевин де Брујн.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Арсенал издржа само две минути против актуелниот шампион, кога после една фантастична акција Жесус му асистираше на Де Брујн. „Граѓаните“ продолжија да го контролираат мечот и да создаваат шанси, па во 15-та минута Стерлинг зголеми на 2:0.
Де Брујн одличната партија ја круниса со уште еден гол од работ на шеснаесетникот за 3:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.