Дома Фудбал Германија (Видео) Го имаме ИЗНЕНАДУВАЊЕТО на денот – Утх го СРУШИ Баерн Минхен!

(Видео) Го имаме ИЗНЕНАДУВАЊЕТО на денот – Утх го СРУШИ Баерн Минхен!

После ремито на Дортмунд и Баерн не успеа да го задржи перфектниот учинок, додека „милионерите“ одиграа реми, баварците дури и беа поразени.

Хофенхајм успеа да го приреди изненадувањето на денот и да го совлада Баерн Минхен. Првиот гол домаќините успеаа да го постигнат во 27 минута, Утх на одличен начин ја искористи брзата реакција на Андреј Крамариќ при изведувањето на еден аут.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Баварците беа подобар противник создаваа шанси, но реализација немаше, додека на спротивната страна домаќините беа одлично во реализацијата. Колку Баерн, се обидуваше да постигне погодок покажуваат и ударите кон голот на Бауман кои беа повеќе од 15.

Сепак, додека Баерн создаваше шанси Хофехајм погодуваше,  во 51 минута следуваше нов „студен туш“  за избраниците на Карло Анчелоти. Зубер уфрли во шеснаесетникот, а Утх повторно успеа да го пронајде патот до мрежата на Мануел Ноер.

До крајот на средбата резултатот не се менуваше, па Хофенхајм ги освоите трите бода од оваа средба.

Mark Uth scored 1st goal for TSG Hoffenheim vs… by anika-mehjabeen-broti


Mark Uth scored his 2nd goal for TSG Hoffenheim… by anika-mehjabeen-broti

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …