Кошаркарките на Голден Стејт победија на гостувањето кај Атлантна со 114:109, но го загубија најдобриот кошаркар Стеф Кари.
Стеф Кари го повреди глуждот, но остана во игра и нанижа 28 поени за тешката победа на Голден Стејт над Атланта со 114: 109.
Steph Curry rolls his ankle on Zaza's foot (replay view) pic.twitter.com/QpmiJkH2tg
— CJ Fogler (@cjzero) March 3, 2018
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој настрада уште во првиот дел, кога стапна на ногата на соиграчот Заза Пачулија, но успеа да продолжи со своето учество по мал прекин и да помогне за 5-тата последователна победа на „воините“.
Најдобри поединци кај победничката екипа беа Кевин Дурант и Стеф Кари со по 28 поени, додека најпрецизен на мечот беше Безамур со 29 поени.
Резултати:
Орландо – Детроит 115: 106
Филаделфија – Шарлот 110: 99
Атланта – Голден Стејт 109: 114
Вашингтон – Торонто 95: 102
Чикаго – Далас 108: 100
Мемфис – Денвер 102: 108
Милвоки – Индијана 96: 103
Феникс – Оклахома 116: 124
Јута – Минесота 116: 108
ЛА Клиперс – Њујорк 128: 105.