Шампионот на НБА, Голден Стејт синоќа не му остави никакви шанси на Њу Орлеанс и по победа на гости со 118:92 поведе со 3-1, а Хјустон го следи чекорот со шампионот.
Голден стејт одигра одлична одбрана, а во нападот едноставно незапирлив беше Кевин Дурант, кој уфрли 38 поени, додека Стеф Кари реализираше 23 поени. Кај домашниот тим, најмногу се истакна Ентони Дејвис со дабл-дабл ефект од 26 поени и 12 скока.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во другата полуфинална серија во Западната Конференција, тимот на Хјустон ја совлада Јута со 100:87 во четвртиот натпревар одигран во Солт Лејк Сити и поведоа со 3:1.
Крис Пол со 27 поени и 12 асистенции беше прв играч кај Хјустон, додека Џејмс Харден постигна 24 поени. Дебитантот Донован Мичел со 25 поени беше најефикасен кај Џез.