Дома Останати Кошарка Видео: Голден Стејт изгуби со 40 поени разлика, Харден до дабл-дабл во победата на Хјустон

Видео: Голден Стејт изгуби со 40 поени разлика, Харден до дабл-дабл во победата на Хјустон

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Ноќта беше обележана со дебаклот на шампионот Голден Стејт кој на гостувањето во Солт Лејк Сити кај Јута беше поразен со 40 поени разлика!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Да, играа без Стеф Кари, но на тренерот Стив Кер сигурно нема да му се допадне фактот што неговите скапи ѕвезди му го „подарија“ најскапиот пораз откако ги води Вориорсите.

Јута славеше убедливо со 119:79 во натпревар во кој сите нивни играчи се запишаа во листата на стрелци. Лидер беше Донован Мичел со 22 поени, следуваше Фејворс со 16 поени и девет скокови, па Јербако со 14 и Шпанецот Рики Рубио со 13 поени.

Во редовите на актуелниот шампион најефикасни беа Клеј Томпсон со 23 и Кевин Дурант со 13.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси на домашен терен беа поразени од Хјустон со 99:105.

Во редовите на Хјустон најефикасен беше Крис Пол со 22 поени, додека Џејмс Харден стигна до дабл-дабл (21 поен, 10 асистенции). Кај Лејкерси најмногу поени уфрли 32 годишниот искусен бек Андре Инграм (19 поени, една асистенција, три скокови).

НБА резулати:

Индијана – Шарлот 93:119

Атланта – Филаделфија 113:121

Вашингтон – Бостон 113:101

Далас – Феникс 97:124

Јута – Голден Стејт 119:79

Л.А Лејкерси – Хјустон 99:105

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шок за Далас: Дончиќ се повредил?!

Лука Дончиќ би можел да го пропушти следниот меч меѓу Далас и Оклахома, како што пренесува…