Дома Фудбал Англија Видео: Гигантот на колена – Тотенхем го прегази Јунајтед

Видео: Гигантот на колена – Тотенхем го прегази Јунајтед

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл и уште еднаш ги разочара фановите откако на домашен терен беше поразен од Тотенхем со 3:0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ова е втор пораз за „црвените ѓаволи“ од почетокот на сезоната и сега столчето на Мурињо сериозно е разнишано.

Во првите 45 минути видовме жестока битка на средината на теренот, без големи шанси, а најзрелата прилика ја имаше Лукаку, откако го помина и голманот Лорис, но не успеа да го погоди празниот гол.

Во второто полувреме тимот на Мурињо се „распадна“ за неколку минути. Хари Кејн со одличен удар со глава го отвори резултатот во 50-та минута по центаршутот на Трипие, а само две минути подоцна веќе беше 0:2 откако Лукас Моура погоди по додавањето од Ериксен.

Потоа во игра влезе Санчез и домаќините заиграа подобро, но не успеаа да постигнат гол, а конечните 3:0 ги постави Лукас во 84-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета за одлуката на ВАР која можеби го реши шампионатот: Големо, но праведно решение!

Арсенал го победи Вест Хем во гостување со 1:0 во 36. коло од Премиер лигата и е многу бли…