Дома Останати Кошарка Видео: Вестбрук фантастичен, Оклахома елиминирана, Кливленд се „распадна“ пред Оладипо – одлуката паѓа во Охајо!

Видео: Вестбрук фантастичен, Оклахома елиминирана, Кливленд се „распадна“ пред Оладипо – одлуката паѓа во Охајо!

oladipo

Изминатата вечер во НБА плеј-офот беа одиграни три натпревари.

Кошаркарите на Индијана славеа убедлива победа над Кливленд на домашен терен со 121:87 и така го израмнија резултатот во серијата 3:3.
Најзаслужен за таквата победа беше Виктор Оладипо кој го оствари својот прв трипл-дабл во плеј-офот со 28 поени, 13 скокови и 10 асистенции.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Го следеа Домантас Сабонис со 19 поени и шест скокови, Дарен Колисон со 15 и пет асистенции, Ленс Стивенсон со 12 поени и шест асистенции и МајлсТарнер со исто толку поени. Хрватот Бојан Богдановиќ натпреварот го заврши со 10 поени и четири скока.

Кај Кливленд Леброн Џејмс беше најефикасен со 22 поени, пет скокови и седум асистенции, 13 додаде Џеф Грифин, а еден помалку Родни Худ. Останатите беа едноцифрени.

Јута е последниот патник во следната фаза од Западната конферецнија откако во шестиот натпревар ја совладаа Оклахома со 96:91 за 4:2 во серијата, а таму ги чека Хјустон.

Екипата од Солт Лејк Сити беше предводена од Донован Мичел со 38 поени, од кои 22 уфрли само во третата четвртина. Го следеа Дерик Фајворс со 13 поени и осум скокови, Руди Гобер со 12 поени и 13 скокови, Џо Инглс кој покрај исто толку поени забележа и седум скокови, пет асистенции и две украдени топки.

Триумфот на Јута дополнително добива на значење ако се знае дека превиот плеј Рики Рубио поради повреда го напушти паркетот после само седум минути.

На Оклахома не и помогна ниту фантастичниот настап на Расел Вестбрук кој стигна до 46 поени, 10 скокови и пет асистенции. Вестбрук поголема помош имаше единствено од Стивен Адамс (19 поени 16 скокови) останатите вклучувајќи ги Пол Џорџ и Кармело Ентони во целост потфрлија. Џорџ запиша само пет, а Ентони седум поени.

Торонто запиша гостинска победа против Вашингтон од 102:92 и така го елиминираше домаќинот со 4:2, а во следната фаза ќе играат со победникот од натпреварот помеѓу Кливленд и Индијана (3:3).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…