Дома Останати Кошарка Видео: Вестбрук не запира, нов „трипл-дабл“

Видео: Вестбрук не запира, нов „трипл-дабл“

Расел Вестбрук ја продолжи импресивната низа од почетокот на сезоната во НБА лигата и ја најави кандидатурата за МВП, откако повторно постигна „трипл-дабл“, овој пат против Њујорк.

Оклахома победи во Њујорк 112:103, а Вестбрук забележа нов „трипл дабл“, кој е негов 45-ти во кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бекот на Оклахома натпреварот го заврши со 27 поени, 18 скокови и 14 асистенции. Неверојатен е податокот дека Вестбрук во првите 19 мечеви во просек бележи „трипл дабл“ на секој натпревар (30,9 поени, 11,3 асистенции, 10,3 скока).

Вицешампионот Голден Стејт ја преживеаа Атланта и благодарени на двете блокади на Дрејмонд Грин во последните 44 секунди ја победи Атланата 105:100. Кевин Дурент оствари 25 поени и 14 скокови, Стеф Кари уфрли 25 поени, а Клеј Томпсон 20.

Резултати:
Вашингтон – Сакраменто 101:95
Мајами – Бостон 104:112
Њујорк – Оклахома 103:112
Торонто – Филаделфија 122:95
Мемфис – Шарлот 85:104
Минесота – Јута 103:112
Голден стејт – Атланта 105:100

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…