Дома Фудбал Останато Видео: Венгер нема да се бори за трофеј, Коста погоди и го одведе Атлетико во финале

Видео: Венгер нема да се бори за трофеј, Коста погоди и го одведе Атлетико во финале

Арсен Венгер нема да има прилика да се прости со трофеј од Арсенал, Атлетико Мадрди ги елиминираше „топчиите“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Вечерва во Лигата на Европа Атлетико на домашен терен го совлада Арсенал минимално со 1:0, а тоа беше доволно за да си обезбедат пласман во финалето, откако во Англија одиграа 1:1.

Вечерва Атлетико знаеше што сакаше и Симеоне уште еднаш покажа дека е мајстор за чување на резултат. Се играше без шанси, „јорганџиите“ не дозволуваа Арсенал да создаде посериозна прилика за гол.

Одлучувачкиот момент се случи во судиското продолжение кога Гризман одлично го проигра Диего Коста кој успеа да погоди.

Во вториот дел гледавме иста слика на теренот, Атлетико сигурно ја чуваше стекната предност. Сепак, јасно е дека Арсенал својата шанса ја пропушти во првиот натпревар кога скоро цел натпревар имаа играч повеќе, а не успеаа да создадат предност пред вечерашниот реванш.

Треба да се истакне дека Диего Симеоне овој натпревар го следеше од трибините.

Во второто полуфинале помеѓу Салзбург и Марсеј ќе се играат дополнителни 30 минути бидејќи домаќинот запиша идентична победа од 2:0 како Марсеј во првиот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешна ѕвезда на Арсенал чиј живот се распадна по крајот на кариерата: Ниту синот не зборува со мене

Името на Емануел Ебуе веднаш потсетува навивачите на Арсенал на симпатии и спомени за врем…