Фудбалерите на Рома остварија важна победа на гостувањето во Москва и сега е со една нога во следната фаза. Валенсија ја запиша првата победа оваа сезона во ЛШ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рома поведе на самиот старт преку Манолас, но домаќините израмнија во 50-та минута, а само неколку минути подоцна останаа со играч помалку.
Во 59-та минута „волчицата“ повторно дојде до водство преку Пелегрини, но голот дојде од многу сомнителна ситуација, бидејќи домаќините бараа офсајд.
Валенсија ја запиша првата победа на крилата на Санти Мина и Солер. Поведоа „лилјаците“ преку Мина уште во 14-та минута, но Јанг Бојс успеа да се врати во мечот преку Асал.
До крајот на полувремето Мина со втор гол им донесе водство на домаќините. Солер во второто полувреме погоди за 3:1 и многу важна победа на Валенсија.