Дома Фудбал Италија Видео: Бeнатија и пресуди на „својата“ Рома – „Волчицата“ падна во Торино!

Видео: Бeнатија и пресуди на „својата“ Рома – „Волчицата“ падна во Торино!

juventus

Терминот во 20:45 минути во италијанската Серија А беше резериран за дербито на колото кое го играа Јувентус и Рома.

По овој натпревар останува впечаток дека Јувентус полека ја фаќа посакуваната форма, со оглед на тоа што во италијнското првенство избраниците на Масимилијано Алегри веќе петти натпревар се без примен погодок.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Старата дама“ денес ја проази „волчицата“ минимално со 1:0, а единствениот гол на натпреварот беше дело на поранешниот фудбалер на Рома, Мехди Бенатија во 18 минута од натпреварот.

Тимот на Рома имаше нешто поголем посед на топка, но конкретните шанси беа на страната на домаќинот, кој пропушти навистина одлични прилики, иако и гостите се закануваа преку ЏекоФлоренци и Шик во финишот.

Најопасната закана за „бјанконерите“ дојде токму од Флоренци кој на нешто повеќе од десетина минути пред крајот ја погоди пречката од голот на Шчесни. Во последните моменти од натпреварот Патрик Шик излезе целосно сам пред Војчех Шчесни, но голманот на домаќините излезе како победник во овој дуел.

Со оваа победа Јувентус останува во чекор со Наполи кој има само еден бод предност на лидерската позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…