Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа пет натпревари.
Тимот на Минесота запиша пораз на домашен терен во натпреварот против Бостон Селтикс. Србинот Немања Бјелица иако во поразот во на својот тим го имаше најдобриот настап во кариерта во НБА.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бјелица на паркетот помина 40 минути за тоа време постигна 30 поени, 12 скокови и 2 асистенции. Сепак, сам не можеше да ја спаси Минесота, на спротивната страна Бостон ги имаше Кајри Ирвинг и Ал Хорфорд. Ирвинг стигна до учинок од 23 поени, 7 скокови и осум асистенција, додека Хорофорд забележи 20 поени, 8 скокови и 6 асистенции.
Бостон со оваа победа си го обезбеди своето место во плеј-офот.
Натпреварот во Минеаполис го обележи страшниот пад на Џејлен Браун пред крајот на третата четвртина. За среќа помина без потешки повреди.
Во дербито на Западот Голден Стејт уште еднаш славеше над Сан Антонио (110:107). Покрај победата по овој натпревар Вориорсите би можеле да се соочат со проблеми со оглед на повредата на Стеф Кари кој мораше да го напушти паркетот после само две минути игра.
Дрејмонд Грин запиша трипл-дабл (11 поени, 12 скокови, 10 асистенции), а Кевин Дурант беше поентерски расположен и стигна до дабл-дабл од 37 поени и 11 скокови.
На другата страна најефикасен беше Лемаркус Олдриџ – 30 поени и 17 скокови.
Очекувана победа запиша Оклахома над Феникс 115:87. Расел Вестбрук повторно застана на чекор од трипл-дабл. Му недостасуваа два скока и едно додавање, а уфрли 27 поени. На другата страна најефикасен беше Девин Букер со 30 поени.
Во поразот на Филаделфија од Мајами (99:108) Дарио Шариќ запиша 20 поени и 10 скокови за 30 минути поминати на паркетот.
НБА Резултати:
Шарлот – Бруклин 111:125
Мајами – Филаделфија 108:99
Минесота – Бостон 109:117
Оклахома – Феникс 115:87
Голден Стјет – Сан Антонио 110:107