Навивачите на Челзи на „Камп Ноу“ беа изложени на голема бруталност од страна полицијата и редарите на стадионот.
На друштвените мрежи се шири и една исповед на еден од навивачите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Беше ужасно. Полицијата и редарите од самиот почеток беа агресивини. Имаше многу повеќе отколку во Баку или Фенербахче. Агресивно не проверуваа и три пати ме удираа по задникот во текот на претресот. Наоруажните стражари цело време испраќаа поглед кон нас со кој сакаа да испровоцираат судир, иако за такво нешто немаа никаков повод“.
„По завршувањето на натпреварот како и сите навивачи на Челзи мирно излегував од трибините, поминував низ ходникот кога полицијата и редарите започнаа да тепаат се пред себе без апсолутно никаква причина. Во еден момент забележав едно дете како лежи на подот ги молев да престанат, но не сакаа да ме слушнат ми возвратија со удари, а го тепаа и мојот татко. Додека јас се обидував да ги заштитам оние на подот, доби три пендраци по грбот. Забележав и човек со крвава глава. Бесен сум поради вавкиот брутален однос кон нас без никаква причина“.
This was after the game. Unprovoked. ‘Security’ couldn’t wait to get their batons out. Disgraceful! #CFC #SSN #BARCHE pic.twitter.com/sLtIJynDik
— robbbbbbb (@_robbbbbbb) March 14, 2018
Absolutely disgusting from the Barcelona stewards and police , kids and elderly men and woman getting beaten to the ground for no reason . pic.twitter.com/8mZphOvKO3
— Joe Larkin (@joelarkinn) March 14, 2018