Дома Останати Кошарка НБА Видео: Бостон загуби после две продолженија, Вориорси и со втор тим подобри од Лејкерси, Антетоукумпо играч на вечерта

Видео: Бостон загуби после две продолженија, Вориорси и со втор тим подобри од Лејкерси, Антетоукумпо играч на вечерта

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа четири натпревари.

Голден Стејт после поразите од Портланд и Минесота пред своите навивачи го совлада Л.А Лејкерси со 117:1106 иако во тимот на Вориорси ги Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот шампион кон средината од третата четвртина дојде до двоцифрена предност, гостите од Лос Анџелес на стартот на последниот период стигнаа до -5, но не успеаа сериозно да го загрозат водството на Вориорсите.

Кевин Дурант постигна 26 поени, Ник Јанг додаде 18, Омри Каспи 15, а одличен беше и Заза Пачули со 10 поени, 12 скокови и 5 асистенции.

Кај Лејкерси се истакнаа Џулијус Рендл со 22 поени 10 скокови, а по 20 постигнаа Брук Лопез и Ајзеа Томсас.

Во дербито на Источната конфереција видовме неверојатен натпревар, а после две продолженија славеше Вашингтон го победи Бостон 125:124 и му направи голема услуга на лидерот Торонто.

Човек на одлука беше Бредли Бил кој постигна кош и дополнително слободно фрлање за 125:119 на 85 секунди пред крајот. Бил беше и најефикасен со 34 поени со 7 скокови и 9 асистенции, Маркиф Морис додаде 20, Ото Портер Јуниор 18 поени и 11 скокови.

Во домашниот тим кој играше без Кајри Ирвинг и Ал Хорофорд, Маркус Морис постигна 31 поен, Тери Розиер 21, а додаде уште 9 асистенции, Татум уфрли 19 поени.

Горан Драгиќ беше одличен, но неговиот Мајами запиша пораз од Сакраменто (123:119). Драгиќ постигна 33 поени, додаде три асистенции и запиша два скока. На другата страна Богдановиќ стигна до 14 поени, три асистенции и три скокови.

Најефикасен играч на вечерта беше Антетоукумпо кој имаше учинок од 38 поени, 7 асистенции и 10 скокови во поразот на Милвоки против Орландо (126:117).

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Големи пофалби: Еве што вели Леброн за Јокиќ

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс зборуваше за медиумите во пресрет на натпрев…