Дома Останати Кошарка НБА Видео: Богдановиќ го сруши Њујорк, блесна и Теодосиќ

Видео: Богдановиќ го сруши Њујорк, блесна и Теодосиќ

Синоќа се одиграа седум натпревари во НБА лигата и поминаа без поголеми изненадувања, односно фаворитите ја оправдаа својата улога.

Сакраменто оствари победа на дуелот со Њујорк со 102-99, меч на кој блесна Богдан Богдановиќ и им ја донесе победата на „кралевите“. Српскиот репрезентативец го заврши натпреварот со 22 поени и седум асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њу Орлеанс стигнаа до победа на гостувањето кај Далас Маверикс со резултат 126:109. Ентони Дејвис со дабл-дабл учинок од 23 поени и 13 скока уште еднаш го одведе неговиот тим до победа. Одличен беше и Џру Холидеј, кој постигна 30 поени, како и Никола Миротиќ, кој имаше 24.

Лос Анџелес Клиперс потешко од очекуваното го среди Бруклин (123-120), а Теодосиќ беше најприсебен во клучните моменти од мечот. Српскиот плејмејкер мечот го заврши со 14 поени и 4 асистенции, додека најрасположени во редовите на Клиперси беа Риверс и Харис со 27, односно 26 поени.

Резултати:
Атланта – Феникс 113:112
Торонто – Шарлот 103:98
Вашингтон – Индијана 98:95
Милвоки – Филаделфија 118:110
ЛА Клиперс – Бруклин 123:120
Сакраменто – Њујорк Никс 102:99

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Сакаа да го понижат Дончиќ, па добија жесток одговор

И кога не е целосно фит Лука Дончиќ игра на највисоко ниво и доминира, така беше на послед…