Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Бејл не простуваше и со хет-трик го одведе Реал Мадрид во финалето

ВИДЕО: Бејл не простуваше и со хет-трик го одведе Реал Мадрид во финалето

Денес Реал Мадрид од полуфиналето го започна својот настап на Светското клупско првенство каде што ја оправда фаворитската улога.

Реал Мадрид денес беше предводен од одличниот Герет Бејл кој ги постигна трите погодоци за „кралевите“ во победата од 3:1.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ефикасната вечер Бејл ја отвори во финишот од првото полувреме кога постигна гол за водство од 1:0 на полувремето.

Во вториот дел следуваа два брзи гола. Прво во 53-тата минута Велшанецот ја погоди мрежата после грешката на Јапонците, за само две минути подоцна да го постигне најубавиот од трите гола за убедливи 3:0.

Почесниот гол Кашима го постигна во 78-та минута преку Дои кој беше на работ на офсајд позиција.

Треба да истакне дека Бејл со овие три гола им се придружи на Луис Суарез и Кристиано Роналдо кои постигнуваа хет-трик во ова натпреварување.

Реал во финалето ќе игра против најголемото изненадување на турнирот Ал Аин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лукаку го разочарал Конте: Не дојде ниту да се поздрави…

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изрази разочарување од однесувањето на неговиот фудбале…