Дома Фудбал Останато Видео: Бекам со искрена порака до Ибра!

Видео: Бекам со искрена порака до Ибра!

Златан Ибрахимовиќ синоќа на свечена церемонија беше прогласен за најдобар шведски фудбалер и тоа 11-ти пат во низа.

Покрај престижната награда Ибра доби и искрени честитики од Дејвид Бекам, кој за тој повод сними видео порака.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Здраво Златан, јас само сакам да ти честитам и да ти кажам дека си неверојатен фудбалер и неверојатна личност. Јас ја имав привилегијата да играм покрај тебе. За мене, Златан е играч кој има голема класа, кој секогаш сака да победува, а тоа ми го докажа кога јас се преселив во ПСЖ. Тој е еден од оние играчи кои без разлика дали играме многу важен меч, натпревар во француската лига или на тренингот, сака да победува. Кога не победува, тој е како едно од моите деца. Ќе се вознемири, ќе биде лут. За мене тој е победник. Неговата физичка подготвеност, неговата пасија, неговата љубов за играта никогаш не се променија. Тој се уште е еден од најдборите играчи кои некогаш играле фудбал. Една од причините поради која сум среќен е тоа што сега игра за Манчестер Јунајтед, за мојот тим. Фала ти за тоа Златан“, му порача Бекам.